Свежи барчиња со совршен спој на овошје и чоколадо и прелесен десерт што ќе му се допадне секому.
Подготовка30 minutesmins
Време на ладење2 hourshrs
Вкупно време2 hourshrs30 minutesmins
16барчиња
Состојки
База
150говесно брашномелени овесни снегулки
150гмелени бадемиили други јатки
3лажицимедили друг засладувач
100гкокосово маслоили путер
2-3лажицимлекопо потреба
Фил
400гзамрзнати вишни
4-5лажицимедили друг засладувач
4лажицивода
4лажицигустин
Глазура
150гчоколадо
2-3лажицимасло
Инструкции
За базата измешајте или изблендирајте ги сите состојки и распоредете ја базата во калап отприлика 20х20цм.
За да го направите филот вишните ставете ги во тенџерче заедно со засладувачот и гответе ги на средна температура додека не зовријат.
Густинот измешајте го со водата и додавајте го полека во вишните кога ќе почнат да вријат. Мешајте додека не се згусне.
Почекајте филот малку да се олади, потоа распоредете го врз базата и ставете ги баровите во замрзнувач барем 2 часа за да се стегнат.
Кога ќе се стегнат, исечете барчиња (околу 16).
Чоколадото стопете го заедно со маслото во микробранова или на плоча и покријте ги барчињата со него. Може да ставите чоколадо само горе или на цели барови.