Бисквит барчиња со путер од кикирики
Кремасти бисквит барчиња со путер од кикирики. Превкусни и поубави од нашите познати Албени.
Подготовка30 minutes mins
Готвење10 minutes mins
Вкупно време40 minutes mins
Бисквит
- 100 г бадемово брашно или мелени бадеми
- 40 г кокосово брашно
- 70-80 г кокосово масло може да пробате и со путер
- 1-2 лажици мед или сличен засладувач
- 1 лажичка ванила екстракт
Фил
- 220 г путер од кикирики или јатки
- 60 г кокосово масло
- 1 лажичка ванила екстракт
- 4 лажици мед
- прстохват сол
Глазура
- 150-200 г црно чоколадо
- 1 лажица кокосово масло
Загреј ја рерната на 180°С и обложи едно тавче 20х20цм или loaf pan со хартија за печење.
Измешај ги состојките за бисквитот и рамномерно распореди ја смесата рамномерно во тавчето. Печи околу 10 минути.
За тоа време измешај ги и стопи ги на средна температура состојките за филот. Кога ќе биде готов бисквитот, рамномерно распореди го и филот и стави го тавчето да се стегне во фрижидер.
Кога ќе бидат стегнати исечи барчиња и покриј ги со стопеното чоколадо. Чоколадото се топи заедно со 1 лажица кокосово масло.
Нутритивни вредности за 1 барче:
266 калории
Протеини - 6г
Масти - 22г
Јаглехидрати - 11г