Go Back

Брауни мафини (лава колач)

Сочни и многу чоколадни брауни мафини направени со овесно брашно и мелени бадеми како замена за брашно и мнооогу чоколадо. Знам дека ќе ви се допаднат.
Подготовка15 minutes
Готвење20 minutes
Вкупно време35 minutes
12 мафини

Состојки

  • 3 јајца
  • 150 г грчки јогурт или павлака
  • 150 мл млеко
  • 150 г стопено кокосово масло или путер
  • 50 г квалитетно какао
  • 200 г чоколадо
  • 1 лажичка прашок за пециво
  • 120 г мелени бадеми
  • 75 г овесно брашно мелени овесни снегулки
  • 100 г сецкано чоколадо

Инструкции

  • Стоплете го млекото и стопете 200г од чоколадото во него.
  • Изматете ги јајцата и потоа полека со мешање додавајте го стопеното масло/путер.
  • Во грчкиот јогурт измешајте го стопеното чоколадо со млекото и потоа и таа смеса додајте ја кај јајцата и маслото и измешајте.
  • Додајте ги и мелените бадеми, овесното брашно и пецивото.
  • На крај, просејте го какаото, измешајте ја полека смесата со шпатула и додадете го сецканото чоколадо.
  • Смесата може да ја правите како мафини или класично брауни. Јас користев силиконски калап за мафини.
  • Печете ги мафините во загреана рерна 15-20 минути. Ако ги печете 15 минути ќе бидат како лава колач, но треба да го прилагодите времето на печење според вашата рерна.
  • Јас ги сервирав со грчки јогурт и џем од малини.