Вегански овесни колачиња
Ќе се заљубите во колачињава уште првиот пат кога ќе ги направите. Толку едноставни состојки, а превкусни, и исто така многу важно, прелесни за правење.
Подготовка10 minutes mins
Готвење20 minutes mins
Вкупно време30 minutes mins
- 1 банана
- 3 лажици стопено кокосово масло
- 50 г мек кафеав шеќер
- 60 г овесно брашно мелени овесни снегулки
- 60 г ситни овесни снегулки
- 100 г бадемово брашно мелени бадеми
- 50 г суво грозје
- 1 лажичка цимет
- 1 лажичка прашок за пециво
Ја загревате рерната на 180°С.
Ја пасирате бананата и ја мешате со сите состојки освен овесот, бадемовото брашно и додатоците .
Потоа ги додавате овесот, мелените бадеми и додатоците по избор и убаво мешате.
Формирате 9 топчиња кои малку ги сплеснувате и ги редите на хартија за печење.
Ги печете колачињата околу 20 минути, или додека не добијат златно кафена боја.
- Доколку сакате да бидат без шеќер или ги правите за мали деца, слободно тргнете го шеќерот од состојките.
- Јас правам домашно бадемово брашно, но како замена може да користите само мелени бадеми.
- Како замена за кокосово масло може да користите путер.
- Како замена за кафеав шеќер може да користите друг засладувач (како мед), но јас ги немам пробано така.
- Освен суво грозје, може да ставите брусница, чоколадо или некои додатоци по ваш избор.