Go Back

Домашно гиро

Ако сакате да изненадите некој со совршен неделен ручек, ова е вистинскиот рецепт. Домашно гиро и превкусни домашни пита лепчиња.
Подготовка30 minutes
Готвење1 hour 30 minutes
Вкупно време2 hours
8 гира

Состојки

Месо

  • 1 кг свинска плешка побрзо се пече ако е на парчиња
  • 1 лажица маслиново масло
  • 1 кромид покрупно исечен
  • 2 полни лажици сенф
  • 1 лажичка оригано
  • 2-3 лажички вегета
  • сол и бибер
  • 1 чаша вода

Пита лепчиња

  • 500 г брашно по потреба и повеќе
  • 180 мл млако млеко или вода
  • 150-170 мл млака вода
  • 1 пакување сув квасец
  • 2 лажици мед или шеќер
  • 1-2 лажички сол
  • 1 лажица масло плус екстра за обликување

Ѕаѕики

  • 300-350 г грчки јогурт
  • 1 краставица изрендана
  • 1 лажица маслиново масло
  • 1 лажица лимонов сок
  • 1/2 лажичка копар
  • лук по вкус

Останати состојки

  • Помфрит
  • Домати
  • Кромид

Инструкции

  • Измешајте го месото со зачините и оставете го да се маринира. Најубаво преку ноќ, но може и одма да го печете.
  • Загрејте ја рерната на 200°С, наредете го месото во соодветен сад во зависност од тоа дали ви се помали парчиња или едно поголемо парче и ставете една чаша вода.
  • Покријте го садот со капак или алуминиумска фолија. Јас парчињата ги печев 90 минути покриени и 30 минути откриени, но ако имате големо парче печењето ќе трае подолго.
  • Додека се пече месото направете ги пита лепчињата. Се мешаат млаката вода и млекото со 1 лажица брашно и со квасецот и се остава да се активира околу 5 мин.
  • Потоа се додава медот, маслото и солта и на крај брашното и се формира тесто кое ќе биде меко и малку лепливо. По потреба се додава уште малку брашно.
  • Се остава тестото да нарасне околу 30 минути и потоа се дели на 8 дела и се формираат 8 топчиња.
  • Топчињата се остават да стасаат уште 10-15 минути.
  • За тоа време загреваме тавче на средна температура.
  • Со намрсени дланки земаме топче и без многу да го малтретираме го растегнуваме и го ставаме да се пече во тавчето.
  • Ги печеме од двете страни додека не добијат убава боја и внатре се зготват.
  • Кога ќе биде готово месото, треба да се исцепка со вилушка и се става во тавче и се пропржува.
  • Помфритот се става да се испече после месото.
  • За ѕаѕикито се мешаат сите состојки.