Go Back

Здрави крем банани

Имате презрели банани и не знаете што да им правите? Овие здрави крем банани себрз и превкусен десерт.
Подготовка30 minutes
Вкупно време30 minutes
15 крем банани

Состојки

  • 2 средни презрели банани
  • 3 лажици мед може и повеќе по вкус
  • 80-90 г кокосово брашно
  • 2 лажици путер од јатки
  • 1/2 лажичка ванила екстракт опционално
  • 100 г црно чоколадо + 1 лажица кокосово масло
  • 1-2 лажици растително млеко по потреба

Инструкции

  • Испасирај ги бананите. Измешај ги сите состојки, освен чоколадото со маслото и остави ја смесата да отстои 5 минути. Кокосовото брашно впива влажност.
  • По потреба додади 1-2 лажици растително млеко. Смесата треба да биде влажна, не смее да се рони.
  • Направи околу 15 крем банани и стави ги во фрижидер додека го топиш чоколадото.
  • Стопи го чоколадото со маслото и една по една покриј ги бананите со чоколадото.
  • Остави ги да се оладат за да се стегне чоколадото. Чувај ги во фрижидер и слободно консумирај ги 5 дена.

Notes

Нутритивни вредности за 1 крем банана
Калории - 94
Протеини: 1.7g
Масти: 5.4g
Јаглехидрати: 9.7g