Се матат три пандишпани, по желба може и секој посебно.
За еден пандишпан се матат 4 белки во цврст снег.
Потоа во нив се додаваат 4 лажици шеќер (во прав), 6 лажици мелени ореви, 1 лажица брашно и прстохват прашок за пециво.
Се ова се соединува внимателно, најубаво со шпатула, и се става на тавче обложено со хартија за печење. Може да печете во тавчиња со димензија 22-26цм и во сите ќе испадне добро.
Вака правите три пандишпани.
Пандишпаните се печат околу 15 минути на 180 степени, кога ќе ги боцнете со нож или чепкалка, тие да бидат чисти. После печење се превртуваат внимателно и се вади хартијата.
За филот се матат 12 жолчки, 8 лажици шеќер, 13 лажици брашно. Потоа се додава 1 литар млеко и од ова се вари филот на средна температура со постојано мешање.
После варењето филот се остава да се излади,
Се мати путерот со 150 грама шеќер во прав и се додава во изладениот фил и се мати за да се изедначи. Филот го делите на три дела.
Во првиот додавате 60 грама кокос, во вториот 100 грама сецкани јатки, а во третиот 100 грама стопено чоколадо.
Почнувате со филување.
На првиот пандишпан го ставате филот со кокос па врз него ставате 60 грама стопено чоколадо (јас го топам со малку масло).
Потоа се става вториот пандишпан, па филот со јатки, слој од 60г топено чоколадо.
На крај се додава третиот пандишпан, чоколадниот фил и тортата се завршува со уште еден слој чоколадо.
Најдобро е да се остави да се стегне преку ноќ пред да ја украсувате и да и ставите шлаг.
За мојата требаше околу 3 ќесички шлаг.