Коб салата
Пилешка салата со сочно пилешко, варени јајца, крцкава сланина и многу зеленчук. Комплетирана со превкусен домашен дресинг.
Подготовка25 minutes mins
Вкупно време25 minutes mins
- 400 г пилешки стек
- 1 лажица маслиново масло
- 4-5 парчиња сланина 90г
- 2 јајца
- 1 поголем патлиџан
- 1/2 авокадо по желба
- ајсберг и рукола
Дресинг
- 150 г грчки јогурт
- 1-2 лажици мед
- сенф по вкус
- лук во прав, бибер и куркума
Измешај ги состојките за дресингот.
Почни со готвење на пилешкото. Стави малку масло, зачини по желба и покриј го со капак.
Додека се готви пилешкото, свари ги и јајцата и исецкај го зеленчукот.
Кога ќе биде готово пилешкото, во истото тавче зготви ја и сланината.
Исечи го пилешкото, јајцата и комбинирај ги сите состојки за салатата.