Go Back

Колачиња со путер од кикирики и џем

За сите љубители на путер од кикирики и лесни рецепти за десерти. Овие колачиња се превкусни и се направени од само 6 состојки.
Подготовка15 minutes
Готвење12 minutes
Вкупно време27 minutes
10 колачиња

Состојки

  • 250 г путер од кикирики може и од јатки
  • 100 г мелени бадеми јас ги мелам во блендер
  • 2 јајца
  • 100 г кафеав или кокосов шеќер
  • 1 лажичка прашок за пециво
  • џем по избор

Инструкции

  • Измешајте ги сите состојки заедно, освен џемот.
  • Загрејте ја рерната на 180°С.
  • Направете 20-24 топчиња, ставете ги на тавче обложено со хартија за печење и сплескајте ги вилушка/дланка.
  • Печете ги колачињата 10-15 минути. Кога ќе ги извадите може да се малку меки, но потоа ќе се стврднат.
  • Меѓу две колачиња ставете од вашиот омилен џем и уживајте. Очекувам брзо да ги снема :)