Колач со тиква
Превкуен и сочен колач со тиква во којшто ќе се заљубите и ќе посакате да го правите одново и одново.
Подготовка10 minutes mins
Готвење1 hour hr
Вкупно време1 hour hr 10 minutes mins
- 150 г пире од тиква испасирана печена тиква
- 150 г грчки јогурт или павлака
- 100 г мед
- 3 јајца
- 100 г масло по избор
- 100 г овесно брашно мелени овесни снегулки
- 120 г брашно бело или интегрално/хељдино
- 2 лажички прашок за пециво
- 100 г сецкано чоколадо опционално
- 1 лажичка цимет
Загрејте ја рерната на 180°С и обложете долгнавесто тавче со хартија за печење.
Измешајте ги сите влажни состојки убаво.
Потоа, додадете ги сувите состојки и внимателно измешајте.
На крај, ставете сецкано чоколадо. ставете ја смесата во тавче.
Печете околу 60 минути, по потреба неколку минути помалку или повеќе.