Go Back

Крекери со семки

Low carb и безглутенски крекери со многу семки што ќе им се свиѓаат на сите.
Подготовка10 minutes
Готвење25 minutes
Вкупно време35 minutes

Состојки

  • 80 г сончоглед
  • 40 г семки од тиква
  • 40 г сусам
  • 40 г ленено семе
  • 50 г интегрално брашно хељдино за без глутен
  • 150 мл топла вода
  • сол други зачини по желба

Инструкции

  • Измешајте ги сите состојки и оставете ја смесата да отстои 5-10 минути.
  • Загрејте ја рерната на 160°С. Распределете ја смесата на хартија за печење.
  • Од горе ставете уште еден лист хартија за печење за да биде полесно израмнувањето на крекерите.
  • Печете 25-40 минути во зависност од тоа колку дебели сте ги направиле крекерите. Пазете да не ви изгорат.