Go Back

Орасници

Најлесните поздрави орасници направени од само 3 состојки.
Подготовка30 minutes
Готвење30 minutes
Вкупно време1 hour

Состојки

  • 300 г мелени ореви
  • 300 г сецкани ореви
  • 4 средни белки или 3 големи
  • 150-200 г мед или јаворов сируп

Инструкции

  • Матите снег од белките, го загревате малку медот и го додавате полека со матење во белките.
  • Во белките ги ставате мелените ореви и пола од сецканите.
  • За да формирате орасница земете полна лажица од смесата и формирате нешто налик на топче кое го ставате во остатокот од сецканите ореви па формирате потковици кои ги ставате на хартија за печење.
  • Ги печете во загреана рерна на 150°С околу 30 минути па зголемувате на 180°С и се печат уште 5 минути.