Пилешка супа
Есенцијалното јадење во секој дом е пилешка супа со зеленчук. Совршена за стоплување и полна со витамини и минерали.
Подготовка10 minutes mins
Готвење30 minutes mins
Вкупно време40 minutes mins
- 4 пилешки батачиња или 2 батак со карабатак
- 4-5 големи моркови
- 1 цм ѓумбир
- 1 пашканат
- целер
- ½ кромид
- 1 компир опционално
- 1 коцка за супа
- 100 г фиде или просо, други тестенини
- 8 чаши вода
- сол, бибер, куркума
- магдонос по желба
Ставете ја водата во поголемо тенџере заедно со коцката за супа и батачињата и оставете ги да се варат на средна температура минимум 20 минути. Треба да бидат целосно сварени.
Додека се варат исецкајте го зеленчукот, а ѓумбирот или изрендајте го или исецкајте го на многу мали парчиња.
Кога ќе бидат готови батачињата, извадете ги од водата и ставете го зеленчукот да се вари. Исчистете ги батачињата од коска и вратете го месото во супата.
Кога ќе се зготви зеленчукот ставете го фидето и зачинете по потреба. По желба, на крај ставете сецкан магдонос.