Go Back

Пилешко во сос со кикирики

Малку поразличен топол семеен оброк кој ќе им се допадне на сите. Крцкави кикирики и сочно пилешко врз ориз.
Подготовка15 minutes
Готвење20 minutes
Вкупно време35 minutes
5 порции
Цена на состојките: 300 денари

Состојки

Состојки за сос

  • 500 мл млечна хопла
  • 50 г путер од кикирики
  • 1 лажичка кари зачин
  • 2-3 лажици соја сос или теријаки
  • 1 лажичка чили или лут црвен пипер
  • 1 лажица кафеав шеќер опционално
  • 1 лажица алкохолен оцет опционално

Состојки за пилешкото

  • 500-600 г пилешки стек
  • 100 г печени и несолени кикирики
  • 1 лажица маслиново масло
  • 1 лажичка кари
  • 1 лажичка сол и други зачини по желба

Инструкции

  • Исечете го пилешкиот стек и маринирајте го кратко со маслиновото и зачините.
  • За тоа време, измешајте ги сите состојки за сосот.
  • Во тенџерче загрејте го за состојките убаво да се соединат и потоа тргнете го сосот на страна.
  • Испржете го пилешкото во нелепливо тавче и кога ќе биде готово ставете ги кикириките и оставете го да се готви уште 2-3 минути.
  • На крај додадете го сосот и гответе уште неколку минути, само колку да се згусне малку.
  • Можете да го сервирате со ориз и салата или додаток по ваша желба.

Notes

  • Ако сервирате со ориз, започнете да го готвите пред месото зашто му треба повеќе време.
  • Јас користев GUD DIET кикирики, ги има во сите маркети, но исто така има и други опции.
  • Млечната хопла може да ја замените и со растителна.