Посни банана колачиња
Готови за 5 минути и омилени на сите. Ако имате презрели банани обавезно пробајте ги.
Подготовка10 minutes mins
Готвење12 minutes mins
Вкупно време22 minutes mins
- 200 г испасирани банани 2 банани
- 150 г мелени овесни снегулки
- 50 г мелени бадеми или други јатки
- 100 г сецкано чоколадо
- 80 г масло околу 1/2 чаша
- 2-3 лажици мед или кафеав шеќер
- 1/2 лажичка сода бикарбона
- 1 лажичка прашок за пециво
Загрејте ја рерната на 180°С.
Измешајте ги прво влажните состојки па потоа додајте ги сувите.
Со лажица направете 10-12 колачиња и печете ги 12-14 минути.
Оставете ги да се оладат пред јадење. Кога се вадат од рерна се многу помеки и потоа се стврднуваат.