Go Back

Посни овесни коцки

Брз, здрав и посен десерт за деновите кога дома буквално имате само неколку состојки. Овес, банана и чоколадо прават совршена комбинација.
Подготовка5 minutes
Готвење25 minutes
Вкупно време30 minutes
10 парчиња

Состојки

  • 2 зрели банани
  • 1/2 чаша растително млеко 125г
  • 100 г овесни снегулки 1 чаша
  • 100 г овесно брашно мелени овесни снегулки
  • ванила екстракт опционално
  • 1 лажичка прашок за пециво
  • 1 лажичка цимет опционално
  • 2 лажици путер од кикирики или други јатки
  • 2 лажици мед или друг засладувач за веган
  • 100 г чоколадо
  • малку кокос и лешници по желба

Инструкции

  • Загреј ја рерната на 180°С.
  • Испасирајте ги бананите и потоа измешајте ги сите влажни состојки.
  • Потоа додадете ги сувите состојки, на крај чоколадото и други додатоци по желба.
  • Префрлете ја смесата во помало тавче и печете 20-30 минути

Notes

Нутритивни вредности за 1 парче
калории: 187.9
Протеини: 4.5g
Масти: 6.7
Јаглехидрати: 27.4