Протеински проја мафини
Овие протеински мафини се направени со овесно брашно, урда, маслинки и еден мафин содржи скоро 10 грами квалитетен протеин. Совршен рецепт за meal prep.
Подготовка10 minutes mins
Готвење30 minutes mins
Вкупно време40 minutes mins
- 4 јајца
- 50 г масло 1/4 чаша
- 1 чаша овесно брашно 100г
- 1 чаша палента 180г
- 1 чаша јогурт 300г
- 200 г урда
- малку сол
- 1 лажичка прашок за пециво
Изматете ги јајцата со солта и потоа измешајте ги другите состојки.
Загрејте ја рерната на 180°С.
Ставете ја смесата во калап за мафини или тацче обложено со хартија за печење и печете околу 30-40 минути. (додека не стане убава бојата)
Нутритивни вредности (за 1 мафин)
Калории: 202
Протеини: 9g
Масти: 10g
Јаглехидрати: 19g