Ресана колачиња
Овие ресана овесни колачиња се превкусен уникатен десерт. Изгледаат прекрасно и се прават многу лесно, совршени за овој период од годината.
Подготовка20 minutes mins
Готвење15 minutes mins
Вкупно време35 minutes mins
- 150 г овесно брашно мелени овесни снегулки
- 100 г мелени бадеми
- 60 г урми мерени без семка
- 50 г стопен путер или кокосово масло
- 3 лажици мед
- 1-2 лажици млеко по избор или сок од портокал
- 1/2 лажичка прашок за пециво
- кора од портокал
Фил
- 1 чаша цеден портокал
- кора од портокал
- 2 ½ лажици густин
- 2 ½ лажици вода
Изблендирајте ги сите состојки за колачињата со појак блендер или процесор. Ако немате, можете да ги изблендирате само урмите со путерот со рачен блендер па потоа рачно да ги измешате сите состојки.
Загрејте ја рерната на 180°С.
Направете 12 топчиња и ставете ги на хартија за печење. Со помош на лажичка во секое топче направете поголема вдлабнатина.
Печете ги колачињата 12-15 мин. Пазете да не загорат.
Додека се печат, направете го филот.
Измешајте го густинот со водата. Во мало тенџерче загрејте го сокот и пред да зоврие ставете го густинот и мешајте додека да се згусне.
Кога ќе бидат готови колачињата ако многу имкаат нараснато во средината може малку повторно да направите вдлабнатини па да ги наполните со филот.
Оставете ги да се оладат и стегнат.
Кога ќе се оладат може да ги попрскате со стопено чоколадо од горе и да го потопите долниот дел во стопено чоколадо.