Go Back

Ролнички со кардамом

Овие ролнички со кардамом се меки, сочни и со прекрасна арома на кардамом.
Подготовка20 minutes
Готвење10 minutes
Стасување1 hour
Вкупно време1 hour 30 minutes
12 ролнички

Состојки

Тесто

  • 400 г брашно
  • 1 пакетче сув квасец
  • 70 г мек кафеав шеќер
  • 250 мл млако млеко
  • 75 г путер исецкан на коцкички на собна температура
  • 1 лажичка кардамом
  • 1/4 лажичка сол

Фил

  • 75 г путер на собна температура
  • 75 г мек кафеав шеќер
  • 2 лажички кардамом

Глазура

  • 60 мл вода
  • 1 лажичка ванила екстракт опционално
  • 50 г кафеав шеќер

За наросување

  • шеќер помешан со кардамом

Инструкции

  • Во сад, ставете го квасецот во млакото млеко заедно со малку брашно и измешај
  • Кога ќе се активира квасецот во поголем сад измешај ги сите состојки за тестото, освен путерот. Ова можеш да го правиш и со миксер. Кога ќе се формира тесто додади го путерот и меси додека тестото не стане многу меко и еластично.
  • Покриј го тестото со крпа со крпа и остави го да стаса околу половина час.
  • За тоа време, измешај ги состојките за филот.
  • Кога ќе стаса тестото, исукај правоаголник со димензии околу 50х30цм.
  • Потоа, со помош на шпатула рамномерно нанеси го филот на тестото.
  • Страната што е со големина околу 50цм подели ја на три и двата пократки делови превиткај ги накај средината.
  • Исечи ленти со дебелина околу 2 цм.
  • Секоја лентичка помеѓу прстите завиткај ја во ролничка и крајот протни го низ средината.
  • Кога ќе ги направиш сите ролнички нареди ги на хартија за печење, покриј ги и остави ги да стасаат уште 20-30 мин. Рерната загреј ја на 200°С.
  • Кога ќе стасаат, печи ги ролничките околу 10-15 мин. Пази да не загорат.
  • Додека се печат загреј ги состојките за глазурата.
  • Штом ќе излезат од рерна со помош на четка намачкај ги со глазурата па попрскај ги со шеќер и кардамом.