Свежа паста салата
Почнува периодот на свежи и брзи оброци со сезонски зеленчук. Оваа салата е брза, вкусна, и може да ја сервирате само така или како гарнир.
Подготовка5 minutes mins
Готвење15 minutes mins
Вкупно време20 minutes mins
- 300-350 g паста
- 1 краставица
- шери патлиџанчиња или сецкан домат
- 1/2 црвен кромид
- 100 г маслинки
- сирење по желба
Дресинг
- 3 лажици маслиново
- 2 лажици сенф
- 1-2 лажици мед
- сол
- оригано
- лук во прав
Стави ја пастата да се вари во зовриена вода.
Додека се вари пастата, исецкај го зеленчукот на помали парчиња и измешај ги состојките за дресингот.
Кога ќе биде готова пастата, исцеди ја и помини ја низ ладна водна.
Измешај ги сите состојки. По желба стави и сирење.