Сирники
Сирники се меки, превкусни руски/украински палачинки кои се прават со урда. Мојата верзија е малку поздрава, но исто толку вкусна и прелесна за правење.
Подготовка10 minutes mins
Готвење10 minutes mins
Вкупно време20 minutes mins
- 100 г урда
- 1 јајце
- 50 г оризово брашно или ситен гриз
- 2 лажички мед или друг засладувач
- ванила екстракт опционално
- 1/2 лажичка прашок за пециво
Измешајте ги сите состојки и оставете ја смесата да отстои околу 5 минути.
Загрејте нелепливо тавче на средна температура и премачкајте го со масло.
Со дланките оформете околу 5 сирники и печете ги од дете страни по 2-3 минути(додека не добијат убава боја).
Сервирајте со вашите омилени додатоци. Јас денес ставив малку грчки јогурт, џем од малини, киви и малку гранола. Беше превкусно!
Нутритивни вредности (без додатоци):
Калории: 421
- Протеини: 26g
- Масти: 13g
- Јаглехидрати: 50g
Препорачувам како додаток да ставите овошје за оброкот да содржи повеќе диететски влакна.