Во еден сад, измешајте ги сите состојки за сосот.
Исецкајте го ананасот и зеленчукот на поситни парчиња и тргнете го на страна.
Исечете го пилешкото на потенки парчиња и загрејте нелепливо тавче на средна температура заедно со маслото.
Испржете го пилешкото заедно со зачините и кога ќе биде готово тргнете го во посебна чинија.
Во истото тавче ставете ги прво да се зготват пиперките и кромидот и кога ќе омекнат додадете ја брокулата и ананасот. Гответе уште две-три минути, па кога ќе почне да се згуснува додадете го сосот.
На крај, додадете го пилешкото, ставете го сусамот и гответе уште кратко само колку да се згусне малку сосот.
Тргнете ги пилешкото и зеленчукот од плоча. Во тенџере загрејте вода за две кесички ориз. Кога ќе почне да врие ставете ги кесичките и гответе според упатството на пакувањето ориз.
Сервирајте го слатко-киселото пилешко со зеленчук врз оризот и како додаток ставете младо кромидче.