Тарт со бело чоколадо и малини
Совршен спој на благо бело чокоалдо и киселко од џемот од малини. Овој тарт е најдобриот пролетен десерт.
Подготовка40 minutes mins
Готвење20 minutes mins
Вкупно време1 hour hr
Кора
- 100 г мелени бадеми јас ги мелам во нутри булет
- 180 г овесно брашно мелени овесни снегулки
- 120 г стопен путер или маргарин за посна верзија
- 2 лажици мед
- 1/4 лажичка прашок за пециво
- по потреба 1-2 лажици млеко
Желе од малини
- 300 г замрзнати малини
- 1 ќесичка желатин подготвен според инструкциите
Фил
- 1 конзерва кокосов крем или ептен густо кокосово млеко
- 300 г бело чоколадо
- 1 лажичка ванила екстракт опционално
- 3 лажици кокосово масло или 1 лажица густин растворен во 1 лажица вода
- 1 лажица лимонов сок
- кора од 1 лимон
За подготовка на желето само стопете ги малините, не ги загревајте многу зашто желатинот нема на функционира (максимум 60 степени).
Додадете го желатинот и промешајте убаво. Оставете да се стегне желето во фрижидер барем 1-2 часа.
За подготовка на кората измешајте ги сите состојки, оформете тесто и ставете го во фолија да се олади барем половина час во фрижидер.
Кога ќе се ладат желето и кората направете го филот. Само благо загрејте ги состојките (колку да се стопи чоколадото).
Загрејте ја рерната на 180 °С. Распоредете ја кората во тавче за тарт (26цм). Печете околу 15 минути. Кога ќе биде готово почекајте да се олади па распоредете го желето и на крај истурете го филот.
Ставете го тартот да се лади во фрижидер преку ноќ. Следниот ден украсете го по ваша желба.