Go Back

Фереро рошер барови

Кремасти барови со лешник карамел и сецкани потпечени лешници. Прекрасна комбинација на вкусови и текстури. Нешто што мора да го пробате.
Подготовка30 minutes
18 барови

Состојки

База

  • 180 г овесно брашно мелени овесни снегулки
  • 100 г мелени лешници
  • 100 г стопен путер или кокосово масло
  • 10-15 г какао
  • 1-2 лажици млеко по избор по потреба за смесата да не се рони

Фил

  • 250 г свежи урми мерени без семка
  • 100 г путер од лешници
  • 100 г стопено црно чоколадо
  • 100 г сецкани лешници

Инструкции

  • Прво се спрема базата, се мелат доколку не се измелени овесние снегулки и лешниците и потоа се мешаат сите состојки за базата рачно или во процесор.
  • За да се подготви филот, прво урмите се ставаат 10-15 минути во врела вода.
  • Додека се киснат урмите, базата убаво се распоредува во калап обложен со хартија за печење. Калапот е со димензии 20х20цм.
  • Откако ќе ги исцедите урмите, изблендирајте ги заедно со стопеното чоколадо и путерот од лешници.
  • Филот се распоредува рамномерно врз базата и врз него се ставаат исечените лешници. Може малку да ги притиснете со дланките.
  • Баровите се оставаат да се стегнат во замрзнувач и потоа се сечат околу 18 барчиња. По желба, може да се декорираат со стопено чоколадо.