Фереро рошер гнезда
Ако правите некое благо за Денот на вљубените, тогаш дефинитовно изберете го ова. Со богат вкус на лешници и чоколадо, мали се шансите да не му се допадне некому.
Подготовка30 minutes mins
Време на ладење1 hour hr
Гнезда
- 150 г мелени лешници или други јатки
- 100 г стопено црно чоколадо
- 100 г свежи урми мерени без семка
- 30 г мелени лешници или плазма за валкање на бомбиците
Фил
- 50 г стопено црно чоколадо
- 2 полни лажици путер од лешници
- десетина лешници крупно исечени
Покиснете ги урмите во топла вода околу 10 минути и потоа исцедете ги.
Изблендирајте ги урмите, чоколадото и мелените лешници и оставете ја смесата да се стегне барем половина час.
Кога ќе се стегне, направете 15 бомбици, извалкајте ги во лешниците/плазма и направете вдлабнатина во средината.
Измешајте го стопеното чоколадо и путерот од лешници за филот и наполнете ја секоја вдлабнатина. Во средината ставете од сецканите лешници.
Оставете ги вака готовите гнезда да се стегнат во фрижидер уште барем половина час, но најдобро неколку часа.