Go Back

Чоко велигденски јајца

Брзи, слатки и вкусни чоколадни јајца кои ќе изгледаат преубаво на вашата трпеза.
Подготовка15 minutes
Време на ладење20 minutes
Вкупно време35 minutes
12 парчиња

Состојки

  • 100 г мелена плазма
  • 60 г мелени ореви или други јатки
  • 5-6 лажици сок од портокал
  • кора од портокал опционално
  • 100 г стопено чоколадо

Глазура

  • 100 г црно чоколадо
  • 1 лажичка кокосово масло
  • декорации по желба

Инструкции

  • Комбинирајте ги сите состојки за бомбиците и оставете ја смесата да се стегне малку во фрижидер.
  • Формирајте 12 јајца.
  • Покријте ги со глазура и декорирајте ги по желба.