Чоко-малина бомбици
Совршен спој на свежина од малините и богат чоколаден вкус, комбинација што никогаш не ме разочарала. Зачувајте ги бомбициве и направете ги во првиот слободен саат, верувајте ќе им се допаднат на сите.
Подготовка30 minutes mins
Ладење30 minutes mins
Вкупно време1 hour hr
- 150 г мелени јатки
- 100 г свежи урми мерени без семка
- 100 г црно чоколадо
- 15 малини
Глазура
- 100 г црно чоколадо
- 2 лажици масло
Урмите оставете ги да отстојат во топла вода 10-15 минути и по желба извадете ги лушпите.
Стопете го чоколадото за бомбиците во микробранова или на плоча.
Потоа изблендирајте ги сите состојки во процесор или појак блендер.
Оставете ја смесата да се стегне малку во фрижидер, околу 15-20 минути.
Формирајте топчиња и во секое ставете по 1 малина.
Ставете ги бомбиците да се стегнат малку во фрижидер/замрзнувач и за тоа време направете ја глазурата
Чоколадото, заедно со маслото, стопете го во микробранова или на плоча и потоа прелијте ги бомбиците со чоколадото.
- Од јатки, јас користев мешавина од бадеми и ореви.
- Доколку немате процесор или појак блендер, изблендирајте ги само урмите, па потоа рачно мешајте ги другите состојки, но вака ќе оди поспоро.
- Јас чоколадото заедно со маслото го топам во микробранова печка , го ставам на неколку пати по 30 секунди и промешувам за да не ми загори.