Go Back

Њоки со сладок компир

За овие превкусни њоки од сладок компир ви требаат само 4 состојки и околу половина час.
Подготовка20 minutes
Готвење10 minutes
Вкупно време30 minutes
4 порции

Состојки

  • 2 печени слатки компири околу 350 грами
  • 1 јајце
  • 120 г урда или рикота
  • 250-300 г брашно
  • 1 лажичка сол

За печурките

  • 500 г сецкани печурки
  • 1 лажица маслиново масло
  • неколку лажици путер
  • сол и лук во прав

Инструкции

  • Измешајте ги сите состојки за њоките. Прво ставете 250г брашно па додавајте по потреба. Тестото ќе биде малку лепливо, но лесно за обработка.
  • Префрлете го тестото на набрашнета површина и поделете го на 4 дела.
  • Од секој дел со раце направете "змија" со дијаметар отприлика 2-3цм. Потоа исто така исечете њоки со должина 2-3 цм.
  • Наполнете едно големо тенџере со вода и ставете го да зоврие. За тоа време ставете ги печурките во нелепливо тавче загреано на средна температура.
  • Ги готвите печурките така додека не испари водата, потоа го додавате маслото и зачините и ги готвите 2-3 минути. На крај, го ставате путерот и готвите се додека печурките не станат супер крцкави.
  • Кога ќе зоврие водата за њоките, ставате 1/2 од њоките и ги готвите додека не испливаат на површината. Потоа ги вадите и ставате да се вари другата половина.
  • Зготвените њоки ставете ги во печурките, измешајте, сервирајте и додадете пармезан по желба.