Oвесни мафини со моркови (керот кејк)
Вкусни, здрави, мафини со моркови, ореви и кокос. Прекрасен појадок во движење или оброк за meal prep!
Подготовка10 minutes mins
Готвење30 minutes mins
Вкупно време40 minutes mins
- 200 г овесни снегулки ситни
- 2 средни банани 200г
- 2 јајца
- 100 г рендани моркови
- 150 г грчки јогурт
- 1/2 чаша млеко 125мл
- 2-3 лажици мед опционално
- 2-3 лажици кокосово масло
- 40 г кокос
- 50 г сецкани ореви
- 1-2 лажички цимет
- 1 лажичка прашок за пециво
- овошје и суво грозје по желба
Загреј ја рерната на 180 °С и обложи тавче за мафини.
Испасирај ги бананите па во поголем сад измешај ги влажните состојки.
Потоа додади ги сувите и промешај убаво.
Распореди ја смесата во тавата за мафини. Мене ми излегоа 10 големи мафини.
Печи ги околу 25-30 минути.
Нутритивни вредности за 1 мафин:
Калории - 218
Протеини - 7
Масти - 10
Јаглехидрати - 25