Да се има персонализирано неделно мени коешто е дизајнирано според целите, желбите, буџетот и потребите на тебе или твоето семејство значи инстантно намалување на стресот околу тоа што ќе се јаде, подобра организација и најважно, балансирани оброци.
Со купување на персонализирано мени добивате неделно мени со оброци и ужини за број на лица колку што вие ќе одредите, за буџетот којшто вие ќе го одредите и со намирници коишто вие ги преферирате. Менито може да биде веганско, вегетеријанско, палео, безглутенско и направено според било кои други рестрикции или цели што ги имате во исхраната.