За мене

За мене

Јас сум Ана Марија Кузмановска, дипломиран диететичар и диетотерапевт и мојот пристап на работа, кон секој клиент, е исклучиво индивидуален.

Желбата да работам како диететичар и диетотерапевт започна паралелно со мојата ,,борба” со функционално гастроинтестинално нарушување. Симптомите беа секојдневни и буквално имаа влијание на секоја област од мојот живот. Помош не најдов никаде и никој не ги сфати моите симптоми сериозно. Тогаш решив дека е време да преземам одговорност за моето здравје и конечно вистински да го запознаам моето тело и што тоа бара од мене. Најверојатно, да не се соочував со овие проблеми немаше ни да станам диететичар.

Храната дефинитивно не е лек, но има огромно влијание не само на нашето физичко, туку и ментално здравје. Сега, се чувствувам здраво, имам енергија и симптомите не влијаат на мојот секојдневен живот. Имам длабоко познавање за моето тело и неговите потреби и сакам тебе да ти помогнам да го постигнеш истото и да се чувствуваш подобро.

_____

ЈАДЕЊЕТО Е ПОТРЕБА, НО ПРАВИЛНАТА ИСХРАНА Е НАУКА.

_____

При правење на проценката ги разгледуваме сите фактори кои влијаат на состојбата на клиентот, односно пол, возраст, физиолошка фаза, одредена патолошка состојба, животен стил, исхрана, сон, стрес и сè друго што е потребно.

Потоа изготвувам план којшто ќе биде адаптиран на сите овие фактори, потреби и вредности на клиентот. Нашата комуникација продолжува постојано во времетраењето на нашата соработка и дополнително воведуваме останати промени.

За соработка може да ги разгледате моите персонализирани програми или да ме контактирате на programi@anamarijaskitchen.com за сите дополнителни прашања околу околу програмите и начините на соработка.

Close
Anamarija's Kitchen © Сите права задржани 2022.
Close