Чоко корнфлекс коцки

9.9K

Чоко корнфлекс коцки готови за помалку од 10 минути. Стојат со недели и се совршена крцкава ужина за секој ден.

Состојки во чоко корнфлекс коцки

Во овие чоко корнфлекс коцки има само 5 состојки и може да си ги направите целосно по ваш вкус.

  • Јатки и брусница – јатките даваат убава текстура и нутриенти, а брусницата супер го балансира чоколадото.
  • Корнфлекс- добиваме крцкава текстура и погоем волумен.
  • Путер од кикирики – дава кремаста текстура на коцките.
  • Чоколадо– гглавната состојка за да се добијат овие коцки. Користете чоколадо што знаете дека ќе се стегне.
Како да ги подготвам чоко корнфлекс коцките?

Стопи го чоколадото. Измешај го чоколадото и путер од кикирики. Потоа додади ги другите состојки.

Стави ја смесата во сад обложен со хартија за печење па потоа да се стегне во фрижидер. Исечи коцки и складирај ги во сад во фрижидер.

kornfleks kocki
kornfleks kocki

Тука погледни го начинот на подготовка

Други превкусни рецепти што можеби ќе ви се допаднат

Се надевам дека ви се свиѓа овој рецепт исто колку и мене! Ако го пробате, не заборавајте да ми напишете коментар или да ме тагнете на инстаграм на @anamarija.kuzmanovska . Уживајте! <3

Чоко корнфлекс коцки

Подготовка10 minutes
Време на ладење2 hours
Вкупно време2 hours 10 minutes
20 парчиња

Состојки

  • 250 г црно чоколадо што се стегнува
  • 200 г путер од кикирики
  • 1 чаша корнфлекс
  • 1 чаша јатки и суво овошје

Инструкции

  • Стопи го чоколадото.
  • Измешај ги стопеното чоколадо, корнфлексот, јатките и сувото овошје
  • Стави ја смесата во силиконски калап или помал сад обложен со хартија за печење.
  • Стави ја смесата и почекај да се стегне.
  • Потоа исечи коцки.

Notes

Нутритивни вредности за 1 парче: 152 калории
Јаглехидрати: 8.8г
Масти: 11г
Протеини: 4.5г
kornfleks kocki

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recipe Rating




Close
Anamarija's Kitchen © Сите права задржани 2022.
Close