Чоко корнфлекс коцки готови за помалку од 10 минути. Стојат со недели и се совршена крцкава ужина за секој ден.
Состојки во чоко корнфлекс коцки
Во овие чоко корнфлекс коцки има само 5 состојки и може да си ги направите целосно по ваш вкус.
- Јатки и брусница – јатките даваат убава текстура и нутриенти, а брусницата супер го балансира чоколадото.
- Корнфлекс- добиваме крцкава текстура и погоем волумен.
- Путер од кикирики – дава кремаста текстура на коцките.
- Чоколадо– гглавната состојка за да се добијат овие коцки. Користете чоколадо што знаете дека ќе се стегне.
Како да ги подготвам чоко корнфлекс коцките?
Стопи го чоколадото. Измешај го чоколадото и путер од кикирики. Потоа додади ги другите состојки.
Стави ја смесата во сад обложен со хартија за печење па потоа да се стегне во фрижидер. Исечи коцки и складирај ги во сад во фрижидер.
Тука погледни го начинот на подготовка
Други превкусни рецепти што можеби ќе ви се допаднат
Се надевам дека ви се свиѓа овој рецепт исто колку и мене! Ако го пробате, не заборавајте да ми напишете коментар или да ме тагнете на инстаграм на @anamarija.kuzmanovska . Уживајте! <3
Чоко корнфлекс коцки
Подготовка10 minutes mins
Време на ладење2 hours hrs
Вкупно време2 hours hrs 10 minutes mins
20 парчиња
Состојки
- 250 г црно чоколадо што се стегнува
- 200 г путер од кикирики
- 1 чаша корнфлекс
- 1 чаша јатки и суво овошје
Инструкции
- Стопи го чоколадото.
- Измешај ги стопеното чоколадо, корнфлексот, јатките и сувото овошје
- Стави ја смесата во силиконски калап или помал сад обложен со хартија за печење.
- Стави ја смесата и почекај да се стегне.
- Потоа исечи коцки.
Notes
Нутритивни вредности за 1 парче: 152 калории
Јаглехидрати: 8.8г
Масти: 11г
Протеини: 4.5г