Банана гранола
Гранола со големи парчиња, крцкава и со многу јатки. Според мене, тоа е совршена гранола која им се свиѓа на сите.
Подготовка10 minutes mins
Готвење35 minutes mins
Вкупно време45 minutes mins
- 1 банана
- 250 г овесни снегулки
- 250 г микс јатки
- 50 г мед или друг засладувач
- 50 г кокосово масло
- 50 г кокос опционално
- 100 г суво грозје
- 1 лажичка цимет
- сецкано црно чоколадо опционално
Загрејте ја рерната на 160°С.
Измешајте ги сите состојки, освен кокосот, сувото грозје и ако користите, чоколадото.
Ставете ја гранолата на големо тавче обложено со хартија за печење.
Печете ја околу 30 минути.
Извадете ја од рерна и ставете го кокосот и сувото грозје и вратете ја да се потпече уште 5-10 минути.
Почекајте да се олади па складирајте ја во тегли.