Веганско кари
Кари е малку поразлично јадење за нас, но превкусно. А, оваа веганска варијанта богата со зеленчук ќе ве држи сити со часови.
Подготовка10 minutes mins
Готвење30 minutes mins
Вкупно време40 minutes mins
- 1 конзерва кокосово млеко
- 1 тегла патлиџани или домати
- 400 г наут
- 2 слатки компири или обични
- 2 моркови
- 2 црвени пиперки
- 1 кромид
- 2 лажици маслиново масло
- 1 лажичка лук во прав или свеж лук
- 1 лажичка кари
- 1 лажица гарам масала или повеќе по вкус
- сол и бибер по вкус
- 1 чаша вода
- лимонов сок како додаток
- магдонос
Исецкајте ги кромидот, компирите, морковите и пиперките. Компирите исецкајте ги поситно за да се зготват побрзо.
На средна температура, пропржете го малку зеленчукот на маслиновото масло.
Потоа додадете ги доматите и оставете да се динста додека не испари целата течност од доматите.
Тогаш, додадете го наутот, зачините, кокосовото млеко, водата и оставете го карито да се динста се' додека не се зготви убаво компирот. По потреба додавајте повеќе вода.
Додека се готви карито, згответе го оризот и по желба може да потпечете тортиљи.