Веганско кари

2.3K

Кари е малку поразлично јадење за нас, но навистина превкусно. А, оваа веганска варијанта е и многу богата со зеленчук и диететски влакна и ќе ве држи сити со часови. Зеленчукот што ќе го ставите може да биде целосно по ваш избор, а доколку сакате карито може да го направите и со пилешко.

Кари потекнува од Индија и зборот доаѓа од индискиот тамилски збор „Kari“ што значи сос или супа што треба да се јаде со ориз. Се состои од мешавина на зачини како коријандерот, куркумата, кимион и чили. Кари во прав каков што го знаеме е британски изум кој датира од 18 век. Во останатиот дел од светот, карите се прават од нула со користење на овие зачини цели или измелени во мешавини кои варираат во зависност од регионалните традиции.Индиското кари (јас правев негова верзија) е збогатено со ѓумбир, лук, кокосово млеко и секако гарам масала и кари

Состојки во кари со зеленчук

Иако ова јадење е малку поразлично, состојките можеби веќе ги имате дома или може лесно да се заменат и со некои други.

  • Наут – една од главните состојки. Наутот е богат со диететски влакна, додава текстура и го прави карито побогато со протеини. Пред да ги ставите обавезно исплакнете ги и исцедете ги.
  • Домати, кромид  – овие зеленчуци се основата на карито и навистина даваат поубав вкус. Ако се грижите дека карито ќе има вкус на домати, не се секирајте зашто нема ни многу да ги вкусите.
  • Зеленчук – додава и вкус и волумен на јадењето. Може да користите различни зеленчуци по ваш вкус.
  • Кокосово млеко – кокосовото млеко ја дава кремастата текстура на ова кари и е она што го прави сосот толку мазен. Користете кокосово млеко од конзерва.
  • Маслиново масло – маслото е за пржење на кромидот и доматите.
  • Гарам масала – ова е главната мешавина на зачини во овој рецепт. Ако не можете да ја најдете, можете сами да направите. Јас мислам дека ја купив од Веро.
  • Дополнителни зачини – овие дополнителни зачини (сол, бибер, кари, кимион и лук) се едноставни и го надополнуваат Гарам Масалата.
  • Лимонов сок и магдонос – прекрасно ги спојуваат вкусовите.
vegan curry
Сервирање и meal prep

Ова јадење е совршено за meal prep. Но, ако планирате да го чувате повеќе од 2 дена, не ставајте компир бидејќи побрзо може да се расипа. Чувајте го јадењето во стаклен или квалитетен пластичен сад и само загрејте го пред јадење.

Карито може да го јадете со различни додатоци:

  • Ориз – обичен долгозрнест ориз зготвен само со сол.
  • Тортиљи или наан лепче – обавезно загреани зашто вкусот е скроз различен.
  • Јадете го така без додатоци – со зеленчукот, ова јадење е доволно и само по себе доколку не сакате да правите други додатоци. Но, ако го јадете без додатоци можеби ќе имате помалку од 5 порции.
Замена на состојки за њоки со сладок компир
  • За овој рецепт слаткиот компир може да го замените со обичен компир или пак тиква и може да користите зеленчук по ваша желба.
  • Ако немате гарам масала може сами да направите мешавина на зачини што ги има во овој зачин.
vegan curry

Други превкусни рецепти што можеби ќе ви се допаднат

Се надевам дека ви се свиѓа овој рецепт исто колку и мене! Ако го пробате, не заборавајте да ми напишете коментар или да ме тагнете на инстаграм на @anamarija.kuzmanovska . Уживајте! <3

Веганско кари

Кари е малку поразлично јадење за нас, но превкусно. А, оваа веганска варијанта богата со зеленчук ќе ве држи сити со часови.
Подготовка10 minutes
Готвење30 minutes
Вкупно време40 minutes
5 порции

Состојки

  • 1 конзерва кокосово млеко
  • 1 тегла патлиџани или домати
  • 400 г наут
  • 2 слатки компири или обични
  • 2 моркови
  • 2 црвени пиперки
  • 1 кромид
  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 лажичка лук во прав или свеж лук
  • 1 лажичка кари
  • 1 лажица гарам масала или повеќе по вкус
  • сол и бибер по вкус
  • 1 чаша вода
  • лимонов сок како додаток
  • магдонос

Инструкции

  • Исецкајте ги кромидот, компирите, морковите и пиперките. Компирите исецкајте ги поситно за да се зготват побрзо.
  • На средна температура, пропржете го малку зеленчукот на маслиновото масло.
  • Потоа додадете ги доматите и оставете да се динста додека не испари целата течност од доматите.
  • Тогаш, додадете го наутот, зачините, кокосовото млеко, водата и оставете го карито да се динста се' додека не се зготви убаво компирот. По потреба додавајте повеќе вода.
  • Додека се готви карито, згответе го оризот и по желба може да потпечете тортиљи.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recipe Rating




Close
Anamarija's Kitchen © Сите права задржани 2022.
Close