Здрава бајадера
Овој рецепт сакав да го направам најблиску до оригиналниот, без урми и слични производи, иако верувам дека и така ќе испаднат превкусни. Но, овие бајадери буквално го имаат тој ист препознатлив вкус.
Подготовка30 minutes mins
Ладење2 hours hrs
Вкупно време2 hours hrs 30 minutes mins
- 125 г путер со кокосово масло немам пробано, но ако правите така, намалете ја малку количината на млеко
- 200 мл млеко кравјо или растително
- 300 г мелени јатки користев микс ореви, лешници и бадеми
- 220-250 г мелени овесни снегулки
- 100 г чоколадо црно или за готвење
- 100 г кокосов шеќер или кафеав
- 2-3 лажици мед
- ванила екстракт
Глазура
- 100 г чоколадо
- 2-3 лажици кокосово масло или друго масло
Во средно тенџере ставете го млекото, медот, шеќерот, путерот и ванила екстрактот. Загрејте го млекото за да се стопат путерот и шеќерот.
Потоа, додадете ги мелените јатки и мелените овесни снегулки. Измешајте убаво и поделете ја смесата на 2 дела.
Стопете 100г чоколадо на пареа или во микробранова и во едниот дел додадете го чоколадото и измешајте.
Во тавче со големина 20х20цм претходно обложено со хартија за печење, рамномерно распоредете го темниот слој.
Потоа додадете го светлиот слој и внимателно натапкајте го и него. Може да го користите и мојот трик со хартија за печење (има на видеото).
Стопете го чоколадото со кокосовото масло и распореде го врз светлиот слој.
Ставете ја бајадерата да се стегне во фрижидер неколку часа. Кога ќе ја извадите почекајте 5 минути пред да исечете еднакви парчиња.
Може слободно да стои во фрижидер и 5 дена, а во замрзнувач подолго.