Здрава бајадера

6.2K

Има ли некој што не сака бајадери? Славите веќе завршија, но верувам бајадерите ве потсеќаат на тоа. Јас сигурно можам да изедам 10 од овие бајадери, ги обожавам.
Овој рецепт сакав да го направам најблиску до оригиналниот, без урми и слични производи, иако верувам дека и така ќе испаднат превкусни. Но, овие бајадери буквално го имаат тој ист препознатлив вкус.

Моите здрави барови и бомбици се можеби најпопуларни рецепти и како љубител на благо, знам зашто. Поздравите благи се ПРЕвкусни, но тоа што содржат поздрави и помалку процесирани состојки не значи дека се диетални или пак содржат малку калории. Всушност, често содржат и повеќе калории од купечките. Но, дефинитивно се подобар избор за десерт којшто можете да го правите за целото семејство.

Други превкусни рецепти што можеби ќе ви се допаднат

Се надевам дека ви се свиѓа овој рецепт исто колку и мене! Ако го пробате, не заборавајте да ми напишете коментар или да ме тагнете на инстаграм на @anamarija.kuzmanovska . Уживајте! <3

Здрава бајадера

Овој рецепт сакав да го направам најблиску до оригиналниот, без урми и слични производи, иако верувам дека и така ќе испаднат превкусни. Но, овие бајадери буквално го имаат тој ист препознатлив вкус.
Подготовка30 minutes
Ладење2 hours
Вкупно време2 hours 30 minutes

Состојки

  • 125 г путер со кокосово масло немам пробано, но ако правите така, намалете ја малку количината на млеко
  • 200 мл млеко кравјо или растително
  • 300 г мелени јатки користев микс ореви, лешници и бадеми
  • 220-250 г мелени овесни снегулки
  • 100 г чоколадо црно или за готвење
  • 100 г кокосов шеќер или кафеав
  • 2-3 лажици мед
  • ванила екстракт

Глазура

  • 100 г чоколадо
  • 2-3 лажици кокосово масло или друго масло

Инструкции

  • Во средно тенџере ставете го млекото, медот, шеќерот, путерот и ванила екстрактот. Загрејте го млекото за да се стопат путерот и шеќерот.
  • Потоа, додадете ги мелените јатки и мелените овесни снегулки. Измешајте убаво и поделете ја смесата на 2 дела.
  • Стопете 100г чоколадо на пареа или во микробранова и во едниот дел додадете го чоколадото и измешајте.
  • Во тавче со големина 20х20цм претходно обложено со хартија за печење, рамномерно распоредете го темниот слој.
  • Потоа додадете го светлиот слој и внимателно натапкајте го и него. Може да го користите и мојот трик со хартија за печење (има на видеото).
  • Стопете го чоколадото со кокосовото масло и распореде го врз светлиот слој.
  • Ставете ја бајадерата да се стегне во фрижидер неколку часа. Кога ќе ја извадите почекајте 5 минути пред да исечете еднакви парчиња.
  • Може слободно да стои во фрижидер и 5 дена, а во замрзнувач подолго.
bajadera

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recipe Rating




Close
Anamarija's Kitchen © Сите права задржани 2022.
Close