Палачинки со тиква

2K

Превкусни и сочни палачинки со тиква направени од овесни снегулки, урда, печена тиква и многу цимет. Овој доручек со тиква е совршен за овој период од годината. Прекрасен вкус, а во исто време балансиран, со доволно протеини, масти и сложени јаглехидрати што ќе не држат сити до ручекот.

Обожавам рецепти со тиква и имам неколку што ги правам одново и одново. Имаме домашни тикви па така тоа е се што се јаде додека не се потрошат. А, дефинитивно никој не се жали кога работите се волку вкусни. Сите мои рецепти за палачинки се многу слични и со едноставни состојки. Не експериментирам премногу зашто знам дека овие комбинации на состојки не само што даваат прекрасен вкус, туку и многу убава текстура.

palacinki so tikva
Состојки во палачинки со тиква
  • Овесни снегулки – ни даваат сложени јаглехидрати и се замена за брашно во овој рецепт за палачинки
  • Јајца – за овој рецепт ви требаат 4 јајца. Тие се извор на протеини и масти. Немам пробано да ги заменам јајцата со веганска варијанта, но може да пробате.
  • Мед – користиме малку засладувач, но може да ставите и после готвењето.
  • Печена тиква – обична печена тиква којашто не мора да биде испасирана.
  • Урда – супер додаток за палачинки. Богата е со протеини и масти и дава убава текстура.
  • Ореви – оваа состојка е скроз опционална, но оревите совршено се вклопуваат со овие вкусови.
  • Цимет – задолжителна состојка во рецептите со тиква
  • Прашок за пециво – ни помага палачинките да нараснат убаво.
  • Млеко – во овој рецепт користиме само по потреба за смесата убаво да се изблендира.
Едноставна припрема на палачинки со тиква
  1. Направи ја смесата: изблендирај ги сите состојки заедно и по потреба во блендирањето додади малку млеко по избор.
  2. Зготви ги палачинките: загреј нелепливотавче со малку масло или путер и смесата стави ја директно од блендерот. Гответе ги на едната страна додека не се направат балончиња и добијат убава боја па потоа свртете ги.
  3. Сервирај: стави ги твоите омилени додатоци како мед, путер од јатки, банана и слично и уживај во прекрасен доручек.
palacinki so tikva
Направи мини палачинки

Овој рецепт е супер за правење мини палачинки, особено за деца. Едноставно печете многу помала количина од смесата или ставете ја во шишенце со пумпица за полесно ставање.

Како да ги замрзнам овие палачинки

За да ги замрзнеш палачинките прво почекај да се оладат и меѓу секоја палачинка стави парче хартија за печење или фолија за да не залепат. Потоа палачинките стави ги во кесички или пластичен сад. Во замрзнувач може да траат до 3 месеци, а може да се одмрзнат во микробранова, тостер или па во тавче.

palacinki so tikva

Други превкусни рецепти за доручек што можеби ќе ви се допаднат

Се надевам дека ви се свиѓа овој рецепт исто колку и мене! Ако го пробате, не заборавајте да ми напишете коментар или да ме тагнете на инстаграм на @anamarija.kuzmanovska . Уживајте! <3

Палачинки со тиква

Превкусни и сочни палачинки со тиква направени од овесни снегулки, урда, печена тиква и многу цимет.
Подготовка5 minutes
Готвење15 minutes
Вкупно време20 minutes
3 порции

Состојки

  • 150 г овесни снегулки
  • 130 г урда или котиџ сирење
  • 4 јајца
  • 130 г печена тиква
  • 1 лажица мед
  • 1 лажичка цимет
  • 2 лажички прашок за пециво
  • неколку ореви
  • 4-5 лажици млеко по потреба или повеќе

Инструкции

  • Изблендирајте ги сите состојки заедно и по потреба додадете 4-5 лажици вода или млеко.
  • Загрејте нелепливо тавче на средна температура и премачкајте го со малку масло.
  • Гответе ги палачинките по 2-3 минути на секоја страна или додека не добијат убава боја.
  • Сервирајте со вашите омилени додатоци.

Нутритивни вредности за 1 порција без додатоци

Калории: 395                Протеини: 21g

Масти: 15g               Јаглехидрати: 44g

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recipe Rating




Close
Anamarija's Kitchen © Сите права задржани 2022.
Close