Спанаќ-банана Палачинки

931

Многу зелени и многу вкусни спанаќ-банана палачинки што ќе станат дел од вашите утра. Овој балансиран појадок е добар начин да се внесе повеќе зеленило во вашата исхрана, а уште подобар начин да се сокрие малку зеленчук во оброк за мали дечиња. Направете ги палачинките по ваш вкус со вашите омилени додатоци!

Скоро сите мои рецепти за палачинки се прават во блендер и овие палачинки не се исклучок. Не само што избегнуваме валкање на повеќе садови, туку и го олеснуваме целиот процес. Овие палачинки исто така се направени од многу едноставни состојки што најверојатно веќе ги имате дома, а комбинацијата на овие состојки ќе ве држи сити со часови.

Сите состојки во овие спанаќ-банана палачинки

  • Овесни снегулки – со било какви овесни снегулки ќе добиете супер палачинки.  Овесните снегулки се богати со сложени јаглехидрати и диететски влакна што се секогаш супер избор за доручек. За безглутенска верзија, купете овесни снегулки кои се означени дека се без глутен.
  • Јајца – за овој рецепт ви требаат 2 јајца коишто се супер извор на протеини и масти. Немам пробано замена на јајцата за овие палачинки
  • Мед – мед користам многу малку или ич и повеќе сакам да ги засладам после готвењето.
  • Банана – бананата дава прекрасен вкус, блажина и ги прави палачинките помеки, што е многу вашно ако ги правите за бебиња.
  • Урда – во палачинките најчесто ставам несолена урда или грчки јогурт. Урдата е супер извор на протеини и дава многѕ убава текстура.
  • Спанаќ – омилената состојка во овој рецепт. Вкусот не се чувствува, а добиваме прекрасна боја и малку скриен зеленчук.
  • Прашок за пециво – не заборавајте да додадете малку пециво за палачинките да бидат повоздушести.

Совети за подготовка на спанаќ-банана палачинки

  • Доколку смесата ви е малку течна, само оставете ја да отстои неколку минути и ќе се згусне од овесот.
  • Користете нелепливо тавче коешто ќе го подмачкате со малку масло.
  • Печете ги палачинките на пониска температура бидејќи може лесно да изгорат.

Моите омилени додатоци за палачинки
Бидејќи најчесто ги јадам овие палачинки за доручек, не сакам да бидат многу благи. Обожавам да им ставам малку мед, боровници и доколку имам малку банана. Исто така, често им додавам и неколку јатки или пак путер од кикирики.

Тука погледни како да ги подготвиш палачинките

Дали можам да ги замрзнам овие палачинки?

Порано замрзнување на палачинки ми беше навика секоја недела. Правев неколку дози палачинки во недела и ги замрзнував во ќесички за да можам секое сабајле да вадам по една ќесичка со палачинки и да ја одмрзнам. Јас палачинките ги одмрзнував најчесто во тостер, но може да ги одмрзнете на собна температура па потоа малку на тавче, а дури и во рерна ако имате повеќе време.

Други превкусни идеи за доручек

Банана-спанаќ палачинки

Многу зелени и многу вкусни палачинки што ќе станат редовен дел од вашите утра. Овој балансиран појадок е одличен начин да се внесе повеќе зеленило во вашата исхрана.
Подготовка10 minutes
Готвење10 minutes
Вкупно време20 minutes
1

Состојки

  • 1 банана
  • 2 јајца
  • 1 лажица урда или грчки јогурт
  • 2 шаки спанаќ
  • 60 г овесни снегулки
  • 1 лажичка прашок за пециво

Инструкции

  • Изблендирајте ги сите состојки.
  • Испечете 5-6 големи палачинки на нелепливо тавче премачкано со малку масло.
  • Ставете додатоци по избор.

Notes

  • Може да додадете мед, овошје или друг засладувач по ваш вкус.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recipe Rating




Close
Anamarija's Kitchen © Сите права задржани 2022.
Close