Барови со вишна

4.9K

Баровите со вишна се еден од моите најправени рецепти и затоа мислам дека заслужуваа да бидат и на веб-страната. Балансот на вкусови од вишната и чоколадото дава лесен десерт.

Ако не сакате поздрави десерти коишто имаат многу путери од јатки и јатки, тогаш овие барови се за вас. И не се секирајте, се прават прелесно, не ви требаат јаки блендери и процесори за правење и нема цела кујна да ви биде хаос.

barovi so visna
Состојки во барови со вишна

Овие барови содржат многу состојки што често ги гледате во поздравите барови, а повеќето можеби веќе ги имате дома.

  • Овесно брашно – мелени овесни снегулки што ќе ги користиме за базата.
  • Мелени бадеми – ги користиме во комбинација со овесот за базата да биде посочна.
  • Кокосово масло – потребно ни е за да се спојат состојките за базата.
  • Мед – во овој рецепт како засладувач го користиме во базата и во филот.
  • Вишни – главната ѕвезда на овој рецепт.
  • Густин – потребен ни е за филот со вишни да се згусне.
  • Чоколадо и масло – секако дека мора да има и чоколадна глазура.
Замена на состојки во барови со вишна
  • Кокосовото масло може да се замени со путер
  • Наместо бадеми може да користите било какви јатки
  • Медот може да се замени со друг засладувач. Во филот може да се користи и кафеав шеќер, а за базата можеме да користиме дури и 5-6 урми ако ја блендираме смесата.
barovi so visna
Како да го направите овој прекрасен колач со јаболки
  1. Измешајте или изблендирајте ги состојките за базата. 
  2. Убаво распоредете ја базата во калап отприлика 20х20цм или нешто слично.
  3. Вишните ставете ги во тенџерче заедно со засладувачот и оставете да зовријат на средна температура.
  4. Густинот измешајте го со водата и кога ќе зовријат вишните почнете полека да го додавате во нив со постојано мешање за да се згусне убаво.
  5. Оставете го филот малку да се олади.
  6. Убаво распоредете го врз базата и одма во замрзнувач да се стегне барем 2 часа
  7. Исечете барчиња и додека се уште смрзнати покријте ги со стопеното чоколадо.
barovi so visna

Други превкусни рецепти што можеби ќе ви се допаднат

Се надевам дека ви се свиѓа овој рецепт исто колку и мене! Ако го пробате, не заборавајте да ми напишете коментар или да ме тагнете на инстаграм на @anamarija.kuzmanovska . Уживајте! <3

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recipe Rating




Close
Anamarija's Kitchen © Сите права задржани 2022.
Close