Колачиња со урда
Овие колачиња со урда се сочни, не се премногу благи и немојте да ве исплаши тоа што се со урда.
Подготовка10 minutes mins
Готвење20 minutes mins
Вкупно време30 minutes mins
- 2 јајца
- 5 лажици масло
- 5 лажици мед 100г
- 150 г несолена урда или рикота
- 150 г ситни овесни снегулки
- 40 г брашно
- 1 лажичка прашок за пециво
- 1 лажичка ванила екстракт
- околу 50г сецкано чоколадо, две шаки суво грозје и две шаки ореви
Изматете ги јајцата, маслото, урдата и медот.
Потоа додадете ги другите состојки и измешајте со лажица/шпатула.
Загрејте ја рерната на 180°С.
Со лажица земајте од смесата и на хартија за печење формирајте 10 колачиња.
Печете ги околу 20 минути.
Нутритивни вредности за 1 колаче:
Калории: 228
Протеини: 6.4г
Масти: 10.8г
Јаглехидрати: 26.3г