Колачиња со урда

1.8K

Колачиња со урда направени во еден сад совршени за доручек или балансирана ужина. Збогатени со состојки како ореви, овес, урда, овие вегански колачиња се супер нутритивни. Исто така се многу добар избор за meal prep бидејќи ќе имате балансирана ужина 2-3 дена.

Овие колачиња се толку вкусни што еден период ги правев постојано. Нека не ве плаши додатокот на урда, воопшто не се чувствува, а ги прави многу сочни и додава протеин. Може да ги направите со најразлични додатоци и верувам дека секако ќе излезат вкусни.

Што ги прави овие колачиња посебни?

Мислам дека скоро никогаш нема да видите колачиња коишто имаат урда како една од главните состојките. Урдата е преубав додаток за многу рецепти зашто е неутрална, најчесто многу ја подобрува текстурата на рецептите и ги збогатува со протеин.

Состојки во овие вегански овесни колачиња
  • Овесни снегулки – ни даваат сложени јаглехидрати, диететски влакна и една од главните состојки во овој рецепт
  • Мед – го користиме како засладувач. Може да се замени и со друг засладувач.
  • Масло –  го користиме за да ги споиме поубаво состојките и да им дадеме влажност на колачињата.
  • Брашно – користиме многу малку во овој рецепт, но ни е потребно за текстурата. Може да се замени и со безглутенско.
  • Суво грозје, чоколади и ореви – ио користиме како додаток за вкус и може слободно да се заменат и со брусница или пак боровинки и други јатки.
  • Урда – да не заборавиме на главната состојка. Ги прави колачињата меки, сочни и секако ги збогатува со протеин.
Што може да им додадете на овие колачиња?

Овие колачиња се многу добри бидејќи може да ги направите целосно по ваш вкус. Може да им додадете парчиња чоколадо (моето омилено), друго овошје, најразлични сецкани јатки како лешници, ореви, бадеми, и секој пат ќе добиете колаче со малку поразличен вкус.

Како да ги чувате?
  • Откако ќе се оладат убаво ставете ги во пластичен или стаклен сад и слободно чувајте ги на собна температура 1-2 дена, а потоа ставете ги во фрижидер.
  • Можете да пробате и да ги замрзнете, иако кај мене не останале толку долго неизедени за да го пробам ова. Исто како и за чувањето во фрижидер користете пластичен сад и пред јадење извадете ги на собна температура да се одмрзнат.
kolacinja so urda

Други превкусни рецепти што можеби ќе ви се допаднат:

Се надевам дека ви се свиѓа овој рецепт исто колку и мене! Ако го пробате, не заборавајте да ми напишете коментар или да ме тагнете на инстаграм на @anamarija.kuzmanovska . Уживајте! <3

Колачиња со урда

Овие колачиња со урда се сочни, не се премногу благи и немојте да ве исплаши тоа што се со урда.
Подготовка10 minutes
Готвење20 minutes
Вкупно време30 minutes
10 колачиња

Состојки

  • 2 јајца
  • 5 лажици масло
  • 5 лажици мед 100г
  • 150 г несолена урда или рикота
  • 150 г ситни овесни снегулки
  • 40 г брашно
  • 1 лажичка прашок за пециво
  • 1 лажичка ванила екстракт
  • околу 50г сецкано чоколадо, две шаки суво грозје и две шаки ореви

Инструкции

  • Изматете ги јајцата, маслото, урдата и медот. 
  • Потоа додадете ги другите состојки и измешајте со лажица/шпатула.
  • Загрејте ја рерната на 180°С.
  • Со лажица земајте од смесата и на хартија за печење формирајте 10 колачиња. 
  • Печете ги околу 20 минути.

Notes

Нутритивни вредности за 1 колаче:
Калории: 228
Протеини: 6.4г
Масти: 10.8г
Јаглехидрати: 26.3г

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recipe Rating




Close
Anamarija's Kitchen © Сите права задржани 2022.
Close