Колач со моркови (керот кејк)
Сочен и превкусен колач со моркови и фил со крем сирење. Мојој омилен колач.
Подготовка10 minutes mins
Готвење40 minutes mins
Вкупно време50 minutes mins
Суви состојки
- 150 г мелени бадеми јас користев готови од лидл
- 50 г кокосово брашно
- 2 лажици кокос опционално
- 1 лажичка прашок за пециво
- 1 лажица цимет
- 2 шаки сецкани ореви опционално
Влажни состојки
- 3 јајца јас користев средни
- 180 г мед
- 1 лажичка ванила
- 50 г путер од јатки
- 50 г млеко по избор
- 50 г стопено кокосово масло на собна температура
- 350 г средно рендани моркови
- 1 шака суво грозје опционално
Фил од крем сирење
- 300 г крем сирење
- 100 г грчки јогурт
- 1 лажичка ванила екстракт
- 100 г прав шеќер
Загреј ја рерната на 180°С и обложи го тавчето со хартија за печење.
Измешај ги сувите состојки во еден сад.
Во друг сад измешај ги влажните состојки. На крај додадете го кокосовото масло (кое треба да биде на собна температура), а потоа морковите.
Додадете ги сувите состојки и измешајте со шпатула. Смесата ќе биде погуста. На крај, по желба додадете суво грозје и сецкани ореви.
Ставете ја смесата во тавче и печете околу 40 минути. Додека се лади измешајги состојките за филот.
Почекај да се олади целосно па филувај ја. Украси по желба.