Колач со моркови (керот кејк)

9.9K

Тортата со моркови од Starbucks ми е една од омилените торти и оваа поздрава верзија на колач со моркови е многу блиску до таа торта. Сочен, ароматичен, не е премногу благ и секако има крцкави парчиња оревчиња. Мислам дека ми е совршен десерт за со кафе за секој ден.

Првиот план беше оваа торта да биде постирана за Велигден зашто вака со морковчињата е преслатка. Но, нормално имав еден стварно неуспешен обид и пропадднат рецепт. Во главно, мислам дека главната грешка ми беше ептен ситното рендање на морковите зашто сите други состојки беа супер, а беше и превкусна.

Состојки во колач со моркови

Состојките знам дека ќе им се допаднат на тие што јадат безглутенски. Овојколач е базиран на бадемово и кокосово брашно и затоа има прекрасна текстура. Прво, еве што ќе ви треба:

  • Рендани моркови: ќе ви требаат 2-3 изрендани моркови, измерете тоа да бидат 100г.
  • Мелени бадеми: јас користев готови измелени од Лидл, но може и сами да измелете.
  • Јајца: 3 средни јајца за да ја држат смесата заедно. 
  • Млеко: користев овесно млеко, но може да користите било какво. Ни треба многу малку.
  • Кокосово брашно – ја апсорбира влажноста и дава убава текстура.
  • Мед: главен засладувач во овој рецепт.
  • Кокосово масло: ни треба само 50г кокосово масло за да се спои подобро смесата.
  • Прашок за пециво: да му помогнеме на овој колач малку да нарасне.
  • Цимет: без цимет колачот со моркови не е комплетен.
  • Кокос: ставив само2 лажици, но може и да не ставате. Колачот ќе биде за нијанса повлажен.
  • Вкусни додатоци: јас ставив сецкани ореви и суво грозје.
  • Фил со крем сирење: превкусен фил направен од крем сирење, грчки јогурт и прав шеќер. Дефинитивно направете го заедно со колачот.
Замена на состојки во колач со моркови

Еве неколку замени со состојки што можам да ги препорачам за овесни мафини со моркови.

  • Заменете го путерот од јатки: ако немате или не сакате путер од јатки користете таан.
  • Заменете го маслото: Ако немате кокосово масло, користете путер.
  • Користете било какво млеко: Јас секогаш го користам тоа што го имам.
Како да го направам колачот со моркови?

Најдобриот дел е што овој колач се прави прелесно.

Подгответе ја тавата: Загрејте ја рерната и обложете ја тавата со хартија за печење ако мислите дека се лепи. 

Промешајте ги сувите состојки: Во еден сад измешајте ги сите суви состојки.

Измешајте ги влажните состојки: Изматете ги јајцата, медот, ванилата, путерот од јатки и на крај полека додадете го маслото па морковите.

Комбинирајте ги двете смеси: Комбинирајте ги влажните и сувите состојки па додадете ги додатоците по желба.

Печење: Рамномерно распоредете ја смесата во тавче и печете околу 40 минути.

Правење фил: Кога ќе биде испечен колачот почекајте целосно да се олади. Измешајте ги состојките за филот и филувајте

carrot cake
carrot cake

Тука погледни го начинот на подготовка

Други превкусни рецепти што можеби ќе ви се допаднат

Се надевам дека ви се свиѓа овој рецепт исто колку и мене! Ако го пробате, не заборавајте да ми напишете коментар или да ме тагнете на инстаграм на @anamarija.kuzmanovska . Уживајте! <3

Колач со моркови (керот кејк)

Сочен и превкусен колач со моркови и фил со крем сирење. Мојој омилен колач.
Подготовка10 minutes
Готвење40 minutes
Вкупно време50 minutes

Состојки

Суви состојки

  • 150 г мелени бадеми јас користев готови од лидл
  • 50 г кокосово брашно
  • 2 лажици кокос опционално
  • 1 лажичка прашок за пециво
  • 1 лажица цимет
  • 2 шаки сецкани ореви опционално

Влажни состојки

  • 3 јајца јас користев средни
  • 180 г мед
  • 1 лажичка ванила
  • 50 г путер од јатки
  • 50 г млеко по избор
  • 50 г стопено кокосово масло на собна температура
  • 350 г средно рендани моркови
  • 1 шака суво грозје опционално

Фил од крем сирење

  • 300 г крем сирење
  • 100 г грчки јогурт
  • 1 лажичка ванила екстракт
  • 100 г прав шеќер

Инструкции

  • Загреј ја рерната на 180°С и обложи го тавчето со хартија за печење.
  • Измешај ги сувите состојки во еден сад.
  • Во друг сад измешај ги влажните состојки. На крај додадете го кокосовото масло (кое треба да биде на собна температура), а потоа морковите.
  • Додадете ги сувите состојки и измешајте со шпатула. Смесата ќе биде погуста. На крај, по желба додадете суво грозје и сецкани ореви.
  • Ставете ја смесата во тавче и печете околу 40 минути. Додека се лади измешајги состојките за филот.
  • Почекај да се олади целосно па филувај ја. Украси по желба.
carrot cake

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recipe Rating




Close
Anamarija's Kitchen © Сите права задржани 2022.
Close