Пилешка манџа со просо
Една поразлична манџа полна со нутриенти, и најважно, превкусна. Многу лесен ручек и супер за meal prep.
Подготовка5 minutes mins
Готвење30 minutes mins
Вкупно време35 minutes mins
- 1 кромид ситно исецкан
- 2-3 чешниња лук
- 2 лажици маслиново масло
- 3 моркови исецкани на кругчиња
- 2 компири средно исецкани
- 1 чаша замрзнат грашок
- 500 г пилешки стек исечен само на 2-3 парчиња
- ½ чаша просо
- 2-3 лажички куркума
- 2-3 лажички ѓумбир
- 2 коцки за супа
- 6-7 чаши вода
- сол, бибер, рузмарин, мајчина душичка
Во тенџерето каде што ќе се готви манџата пропржете ги малку кромидот и лукот.
Додадете ја водата, морковите, стекот, компирите, коцките за супа и другите зачини.
Оставете ја манџата откако ќе зоврие да врие 5-10 минути, додека да не омекнат малку компирите, па потоа додадете ги просото и грашокот. Тие брзо се готват.
Кога ќе видите дека просото е скоро зготвено, извадете го стекот и искинете го со вилушка на помали парчиња.
Вратете го во манџата уште 5 минути и по потреба додадете уште вода. Пробајте да видите дали е доволно зачинета.
- Коцката за супа што ја користев беше за 500 мл вода.
- Наместо пилешки стек, може да користите копан или надкопан.
- Доколку сакате манџата да биде посна, додадете плус зеленчук или уште грашок