Пилешки ќофтиња во соја сос
Сочни пилешки ќофтиња комбинирани со крцкава брокула и вкусен соја сос. Овие ќофтиња се совршена и лесна вечера за целото семејство. Сервирани со ориз или со вашиот омилен додаток, ова јадење може да се направи по сечиј вкус.
Подготовка15 minutes mins
Готвење20 minutes mins
Вкупно време35 minutes mins
Состојки за ќофтиња
- 500 г мелено месо пилешко или мисиркино
- 1 кромид
- 1 јајце
- 1-2 лажици масло
- 40-50 г ситно рендан кашкавал
- 30-40 г презла
- 1 лажичка црвен пипер
- 1 лажичка лук во прав или свеж лук
- ¼ лажичка бибер
- ½ лажичка сол
Состојки за сос
- 5 лажици соја сос
- ½ чаша вода
- 1 лажичка брашно или густин
- 2 лажици сусам
- 1 лажица рендан ѓумбир или ѓумбир во прав
- 1 лажица лук свеж или во прав
- 2 лажици кафеав шеќер
- 1-2 лажички лут чили сос опционално
Измешајте ги сите состојки за сосот.
Комбинирајте ги сите состојки за ќофтињата и формирајте мали ќофтиња, отприлика 20.
Доколку користите брокула, обарете ја малку брокулата и тргнете ја на страна и за ова време ставете да се готви ориз.
На нелепливо тавче на малку масло и на средна температура убаво згответе ги ќофтињата (на пилешкото и мисиркиното внатрешната температура треба да им биде 74°С и затоа е важно да се зготват убаво)
Кога ќе бидат готови, додадете го сосот и кога ќе се згусне одма тргнете ги ќофтињата и ставете ги во сад.
Во истото тавче можете малку да ја пропржите и брокулата.
- Ако сакате рецептот да биде без млечни производи, единствено заменете го кашкавалот со 20-30г презла.
- За да можете полесно да формирате ќофтиња, намокрете ги дланките или ставете малку масло на дланките пред да формирате ќофтиња.
- Ако сакате повеќе сос, дуплирајте ги состојките за сосот.