Пити со јаболка
Овие пити со јаболка се вкусни, се прават прелесно и најдобро од се’, ви требаат само неколку состојки за да ги подготвите.
Подготовка20 minutes mins
Готвење25 minutes mins
Вкупно време45 minutes mins
Фил
- 4 големи јаболки
- 50 г путер или кокосово масло
- 2-3 лажички цимет
- 3 лажици мед
- 3 лажици кафеав шеќер или мед
- 1 лажица густин
- 1 лажица вода
Останати состојки
- 1 пакување готови кори
- масло и вода
- 1 јајце за премачкување опционално
Исецкајте ги јаболките на коцкички, комбинирајте ги во едно тавче заедно со состојките за филот (освен густионот) и оставете ги да се динстаат на средна температура.
Кога ќе омекнат, ставете го густинот измешан со водата и мешајте кратко за да се направи како џем. Тргнете го тавчето од рерна и почекајте да се олади филот.
Отворете ги готовите кори и исечете ги на половина по должина. За секоја пита ќе користите по две половинки.
Попрскајте ги убаво корите со вода и масло. Ставете по 1,5-2 лажици фил на крајот на кората и почнете да ја превиткувате дијагонално се’ до крај.
Повторете со сите кори (не заборавајте за 1 пита се користи 1 цела кора, односно 2 половинки) и наредете ги питите на хартија за печење. Од горе попрскајте ги со уште малку вода, намачкајте ги со матено јајце доколку ставате и по желба кафеав шеќер.
Загрејте ја рерната на 200С° и печете 20-30 минути додека не добијат убава златна боја.