Пити со јаболка

3.7K

Дали ги памтите питите со јаболка од Mc’Donalds? Мене ми беа омилени! Епа, ова е поздрава верзија на нив. И нормално, не се пржат зашто мене не ме бива за пржење и стварно не сакам многу мрсна храна.

Овие пити со јаболка се вкусни, се прават прелесно и најдобро од се’, ви требаат само неколку состојки за да ги подготвите.

pita jabolka
Состојки за пити со јаболка
  • За филот – јаболки, путер или кокосово масло, мед, цимет, густин и кафеав шеќер по желба. Филот за овие пити е препревкусен. Ќе сакате така да го јадете. Можеби треба малку време да се исецкаат јаболките на коцкички, но навистина вреди.
  • Останати состојки – готови кори, масло, вода, јајце по желба и малку кафеав шеќер. Толку едноставно.
pita jabolka
pita jabolka
Како да ги направите питите со јаболка
  • Исецкајте ги јаболките на коцкички, комбинирајте ги во едно тавче заедно со состојките за филот (освен густионот) и оставете ги да се динстаат на средна температура.
  • Кога ќе омекнат, ставете го густинот измешан со водата и мешајте кратко за да се направи како џем. Тргнете го тавчето од рерна и почекајте да се олади филот. 
  • Отворете ги готовите кори и исечете ги на половина по должина.
  • За секоја пита ќе користите по две половинки.
  • Попрскајте ги убаво корите со вода и масло. Ставете по 1,5-2 лажици фил на крајот на кората и почнете да ја превиткувате дијагонално се’ до крај.
  • Повторете со сите кори (не заборавајте за 1 пита се користи 1 цела кора, односно 2 половинки) и наредете ги питите на хартија за печење. Од горе попрскајте ги со уште малку вода, намачкајте ги со матено јајце доколку ставате и по желба кафеав шеќер.
  • Загрејте ја рерната на 180-200 степени и печете додека не добијат убава златна боја.
pita jabolka

Други превкусни рецепти есенски рецепти што можеби ќе ви се допаднат

Се надевам дека ви се свиѓа овој рецепт исто колку и мене! Ако го пробате, не заборавајте да ми напишете коментар или да ме тагнете на инстаграм на @anamarija.kuzmanovska . Уживајте! <3

Пити со јаболка

Овие пити со јаболка се вкусни, се прават прелесно и најдобро од се’, ви требаат само неколку состојки за да ги подготвите.
Подготовка20 minutes
Готвење25 minutes
Вкупно време45 minutes

Состојки

Фил

  • 4 големи јаболки
  • 50 г путер или кокосово масло
  • 2-3 лажички цимет
  • 3 лажици мед
  • 3 лажици кафеав шеќер или мед
  • 1 лажица густин
  • 1 лажица вода

Останати состојки

  • 1 пакување готови кори
  • масло и вода
  • 1 јајце за премачкување опционално

Инструкции

  • Исецкајте ги јаболките на коцкички, комбинирајте ги во едно тавче заедно со состојките за филот (освен густионот) и оставете ги да се динстаат на средна температура.
  • Кога ќе омекнат, ставете го густинот измешан со водата и мешајте кратко за да се направи како џем. Тргнете го тавчето од рерна и почекајте да се олади филот.
  • Отворете ги готовите кори и исечете ги на половина по должина. За секоја пита ќе користите по две половинки.
  • Попрскајте ги убаво корите со вода и масло. Ставете по 1,5-2 лажици фил на крајот на кората и почнете да ја превиткувате дијагонално се’ до крај.
  • Повторете со сите кори (не заборавајте за 1 пита се користи 1 цела кора, односно 2 половинки) и наредете ги питите на хартија за печење. Од горе попрскајте ги со уште малку вода, намачкајте ги со матено јајце доколку ставате и по желба кафеав шеќер.
  • Загрејте ја рерната на 200С° и печете 20-30 минути додека не добијат убава златна боја.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recipe Rating




Close
Anamarija's Kitchen © Сите права задржани 2022.
Close