Посен јаболко колач
Есенски и многу сочен колач со јаболки и ореви што верувам дека ќе ви се допадне.
Подготовка10 minutes mins
Готвење35 minutes mins
Вкупно време45 minutes mins
- 4 излупени и изрендани јаболки
- 1 чаша масло 200г
- 2 чаши брашно 250-260г
- 1 чаша овесно брашно 100г
- 1 чаша крупно мелени ореви 120-150г
- 1 чаша мед 300г
- 2 лажички сода бикарбона
- сок од пола лимон
- 2 лажички цимет
- џем од кајсии
Се загрева рерната на 200°С.
Изрендај ги јаболките.
Измешај ги сите влажни состојки.
Во друг сад измешај ги сувите состојки.
Комбинирај ги влажните и сувите состојки и измешај убаво.
Обложи тавче со големина отприлика 22х22cm со хартија за печење.
Колачот се пече 30-35 мин или додека чепкалка за заби после боцкање излезе чиста.
После печење почекајте малку да се олади па премачкајте го со џем од кајсии.